сабота, 27 јули 2024

Мајката на момчето кое го изврши масакрот во белградското училиште: Не сум виновна

Судењето на родителите на момчето кое на 3 мај минатата година во белградското основно училиште Владислав Рибникар уби девет соученици и чувар продолжи вчера со сослушување на мајката која ја изнесе својата одбрана негирајќи ја вината која ѝ ја припишува обвинителството.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првообвинетиот татко на момчето заврши на претходните рочишта со изнесување на одбраната, го испрашаа и обвинителството и оштетените, а мајката вчера во судницата одговори на прашањата на обвинителите и адвокатите на одбраната, но одби да одговори на прашањата на ополномоштените на оштетените семејства, јавуваат српските медиуми.

Судењето на родителите на 13-годишното момче кое со истрели од пиштолот на својот татко уби девет деца, во трагедија незапаметена во поновата историја на Србија, судењето им почна на 29 јануари.

Против нив се водат една кривична и пет парнични постапки. Кривичната постапка ја почна вишото јавно обвинителство во Белград бидејќи во моментот на злосторството нивниот син не беше кривично одговорен.

Кривичната постапка е затворена за јавноста.

Таткото на момчето обвинителството го обвинува за тешко дело против општата безбедност поради сомнеж дека го обучувал малолетниот син како да ракува со оружје и дека не обезбедил оружјето и муницијата да бидат вон дофат на други лица.

Мајката е обвинета за недозволено поседување оружје и муниција откако на едната чаура, најдена по масакрот во училиштето, била најдена трага на нејзината ДНК. Обвинителството за таткото бара 12 години затвор, а за мајката 2,5 години.

Обвинети се и сопственикот и инструктор на стрелечкиот клуб во кој таткото го водел синот да вежба пукање на подвижни мети, а за нив е предвидена казна од по три години затвор, поради давање лажни искази за време на истрагата. Парничните постапки против родителите ги почнаа семејствата на убиени деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ