сабота, 27 јули 2024

Мајката на исчезнатата Данка: Само да се врати жива и здрава. Тогаш ќе одговориме на сè

Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезна пред точно седум дена во Бањско поле во Бор, сè уште трае. Полицијата постојано ја чешла секоја педа од местото каде што последен пат било видено девојчето, а еден сегмент од истрагата е фокусиран на видео снимено од српски државјанин во Виена, на кое се гледа девојче кое наликува на исчезнатата Данка.

Фото: Интерпол

Објавено на

часот

Сподели

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, првпат по исчезнувањето на Данка даде изјава за порталот Нова.рс. Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека за неа со денови се објавуваат „бројни небулози“.

„Се држиме колку што можеме, само да се најде Данка што поскоро, чекаме да заврши сето ова, се надеваме на најдобро, а потоа јас и сопругот јавно ќе се огласиме и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се изјаснуваме. Ме болат сите овие шпекулации, обвинувањата за мене и мојот сопруг“, вели Ивана.

„Телефонот ми беше на вештачење, само тоа ќе го кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка која го бара своето дете, мојот статус ќе беше поинаков. Само Данка да се врати жива и здрава, а потоа за сè ќе зборуваме“, вели Ивана за Нова.рс.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена, таа вели дека го гледала.

„Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не смеам да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека ќе го гушнеме нашето дете што е можно поскоро“, вели мајката на исчезнатата Данка.

„Се надевам дека Данка е добро, не сакам ни да помислам на друга опција“, заклучува Ивана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ