сабота, 27 јули 2024
НБА

Мајами уште еднаш го победи Бостон на негов терен и направи голем чекор кон финале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мајами е во позиција ако ги добие следните два меча кои ги игра на свој терен, експресно да се пласира во големото НБА финале. Тимо кој беше на осмото место во регуларниот дел од сезоната, игра фантастично во плејофот.

Во првите минути од последната четвртина Бостон имаше и 12 поени предност, беше 89-77, но главните ѕвезди, Браун и Тејтум потфрлија во овој период, а Батлер и Адебајо ја анулираа негативата и на крајот дури и убедливо славеа со 111-105.

Барлет постигна 27 поени, одличен беше и Мартин со 25 поени, на Адебајо му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл, постигна 22 поени, имаше 17 скокови и девет асистенции. Во составот на Бостон, Тејтум даде 34 поени, имаше и 13 скокови, Браун постигна само 16 поени.

Следните два натпревари од серијата се играат во Мајами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ