сабота, 27 јули 2024
НБА

Мајами ја пропушти првата „меч“ топка, Бостон намали на 3-1 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бостон не се дава, со одлична игра во второто полувреме, особено во третата четвртина дојдоа до победа која ги враќа во живот.

Мајами имаше шанса со победа на свој терен да се избори за финале со Денвер, но ќе почека за да го направи тоа. Тие по првото полувреме имаа предност од 56-50, но таа се стопи брзо во вториот дел. Бостон славеше со 116-99.

Тејтум имаше 33 поени и 11 скокови, Браун реализираше 17 поени. Во составот на Мајами Батлер даде 29 поени, Винсент 17, потфрли Адебајо со 10 поени и само пет скокови.

Следниот, петти натпревар од серијата се игра во Бостон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ