четврток, 30 мај 2024

Мајами и Њу Орлеанс се последните патници во плеј-офот (ВИДЕО)

Мајами со убедливи 112-91 беше подобар од Чикаго, а Њу Орлеанс со 105-98 го совлада Сакраменто во последните мечеви од плеј-ин.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекуваше поголема неизвесност на мечот меѓу Мајами и Чикаго, но жешките одиграа доминантен натпревар и без проблем дојдоа до победата пред своите навивачи. Конечниот резултат беше 112-91.

Хироу со 24 поени беше најефикасен на мечот, тој имаше и 10 скокови и девет асистенции. Најдобар кај Чикаго беше Дероузен со 22 поени.

Слично беше и на натпреварот меѓу Њу Орлеанс и Сакраменто. Се очекуваше поголем отпор на кралевите, но домаќините и на овој меч беа доминантни победувајќи со 105-98.

Њу Орлеанс одигра тимски одлично, Инграм со 24 поени беше најдобар стрелец за нив, а најефикасен на мечот беше Фокс од Сакраменто со 35 поени.

Со завршувањето на овие мечеви познати се сите плеј-оф двојки.

Пелј-оф:
Исток
Бостон – Мајами
Кливленд – Орландо
Њујорк – Филаделфија
Милвоки – Индијана
Запад
Оклахома – Њу Орлеанс
ЛА Клиперс – Далас
Денвер – ЛА Лејкерс
Минесота – Феникс

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ