сабота, 27 јули 2024

Мајами блеска и без ѕвезди

Објавено на

часот

Сподели

„Жешките“ синоќа како гости ја совладаа незгодната Атланта хоукс (116-109) во меч со дури три продолженија. Отсуството на Вејд и Џејмс го дополни Крис Бош, кој одигра феноменално и мечот го заврши со учинок од 33 поени, 14 скока и пет асистенции. Огромен придонес во значајната победа за Мајами имаа и ветераните Марио Чалмерс (29 поени) и Удомис Хаслем, кој оствари дабл-дабл со 14 поени и 11 скока.

Одлично се забавуваа гледајќи ги своите соиграчи: Вејд (лево) и Џејмс

Во тексашкото дерби екипата на Сан Антонио спарс беше убедливо подобра од актуелниот НБА-шампион Далас маверикс (93-71). Кошаркарите на ЛА лејкерс, пак, ја продолжија лошата серија на средбите на гостински терен претрпувајќи го третиот пораз во исто толку натпревари на теренот на противниците сезонава. „Езерџиите“ овој пат беа поразени од кошаркарите на Портланд трејлблејзерс (96-107).
Промената на тренерската позиција даде резултат во таборот на Сакраменто кингс. Местото на Пол Вестфал, кој во таборот на „кралевите“ беше повеќе од две години со учинок од 51-120, вчера, беше пополнето со Кеит Смарт, кој неколку часа по наименувањето имаше успешно деби. Сакраменто предводен од новиот тренер го совлада Милвоки бакс (103-100), со што дојде до третиот триумф сезонава наспроти петте досегашни порази.

РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Мајами 109-116 (пр.), Сан Антонио – Далас 93-71, Сакраменто – Милвоки 103-100, Портланд – ЛА Лејкерс 107-96.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ