сабота, 27 јули 2024

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ