сабота, 27 јули 2024
Реакција

Маја Јовановска од ИРЛ: Адвокатот на Феоринвест бараше да бидам отстранета од судницата

Лицето од ИРЛ кое беше на судењето бев јас. Новинар сум од 1999 година и така и се легитимирав пред судијката. Секој професионален новинар сториите кои ги работи ги следи од почеток до крај. Така и ИРЛ истражувањето за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој изгореа 14 луѓе го следи и натаму и не заврши само со документарниот филм ‘Убиство во Тетово’. Можеби господинот Кочо Анѓушев мислеше дека со тужба за клевета ќе ги замолчи новинарите на ИРЛ и натаму да известуваат за последиците од сомнителните тендери, но тоа нема да се случи”, напиша на Фејсбук новинарката Маја Јовановска како реакција на соопштението на Фероинвест и Брако.

Објавено на

часот

Сподели

Таа најави дека „за квалификациите, навредите и клеветите во ова соопштение ќе има правни последици”. Јовановска вели дека соопштението од „Фероинвест” доаѓа после текстот на ИРЛ од рочиштето, на кое адвокатот на Анѓушев барал да ја отстранат од судницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ