петок, 26 јули 2024

Махмуд Абас: Западниот Брег, Источен Ерусалим и Газа како една држава

Претседателот на Палестинската управа (ПА) Махмуд Абас изјави денеска за време на состанокот во Рамала со американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Палестинската управа е подготвена да преземе целосна одговорност за Појасот Газа како дел од сеопфатното политичко решение кое ќе ги вклучи Западниот Брег, Источен Ерусалим и Газа по завршувањето на израелската војна против милитантната група Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Абас нагласи дека безбедноста и мирот може да се постигнат само со ставање крај на израелската воена власт над териториите на „Државата Палестина“ и признавање на Источен Ерусалим за нејзин главен град, пренесе Тајмс оф Израел.

Абас повтори дека Ослободителната организација на Палестина (ПЛО), која ја предводи ПА, е единствениот легитимен претставник на палестинскиот народ и единствениот носител на одлуки, негирајќи го ривалот Хамас, милитантната група која го контролира Појасот Газа од соборувањето на Палестинската управа во крвавиот државен удар во 2007 година, објави израелскиот портал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ