сабота, 27 јули 2024

Магливо и студено утро по котлините, потоа релативно топло

Утрово е магливо и студено по котлините и ведро на повисоките места.  Преку ден се очекува времето да биде променливо облачно и релативно топло за овој период од годината. До 16 степени се очекуваат во Гевгелија, а во Скопје температурата ќе биде најниска, не се очекува да надмине 9 степени.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени.

Во Скопје, информираа од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, од наутро магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени.

До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер, соопштија од УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ