Како што се наведува во соопштението, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите биле претежно суви.
ЈП „Македонија пат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци што поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони, се додава во соопштението.
Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.