Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози.
На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
„На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ.