сабота, 14 декември 2024

Магла на Ѓавато и Плетвар, во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 20 метри на патниот правец Гајре – Лисец, додека на планинските премини Ѓавато и Плетвар до 50 метри. Во Берово утрово се измерени – 5 степени целзиусови, во Претор и во Гевгелија 1 степен. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 40 сантиметри.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година.

Во Берово утрово се измерени – 5 степени целзиусови, во Претор и во Гевгелија 1 степен. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 40 сантиметри.

Во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Маврови Анови и Лазарополе се измерени -4 степени,  -3 Велес, Демир Капија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, Крушево, Струмица, Прилеп, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Битола и Штип, -1 степен во Охрид, Виница и 0 во Тетово и Дебар.

Висината на снежната покрива до 7 часот е 27 сантиметри во Маврови Анови и 4 во Крушево.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ