сабота, 27 јули 2024

Магла кај Битола и Македонски Брод

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола и 200 метри во Македонски Брод.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

Од 11 декември изменет е режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај  поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – од 8 ноември постоечкиот локален пат до село Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин е затворен, а пристапот до Блаце е обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ