сабота, 27 јули 2024

Магла и загадено за дишење, Скопје на 9-то место во светот, Сараево на второ

Од утрово Скопје е завиткано во густа магла. Воздухот е загаден. На специјализираната интернет-страница Ервижуал (AirVisual) на табелата на 100 главни или големи градови во светот, Скопје според лошиот квалитет на воздухот се најде на деветтото место, додека Сараево, кое е во котлина и затоа во зима знае да има слични климатски услови како Скопје, е на второто место.

Објавено на

часот

Сподели

                                                                                                               Фото: П.Џ.

Нема ветер, нема како воздухот да се проветри. Индустријата, сообрајот и греењето на домовите на дрва, ќумур, масло, парчиња мебел, текстил, пластика, гума, го трујат воздухот, а канцерогените честички лебдат во воздухот и се тука пред нас. Го дишеме овој воздух.

е

Ригорозни мерки против загадувачите на воздухот нема, има мерки според законските одредби и соодветниот капацитет на инспекциските служби. Но брзи мерки за градот нема, нема ниту долгорочни мерки за населението, кое е со низок стандард, како еколошки да ги загрева своите домови. Парното греење го користат помал дел од скопјани.

d

Ако се погледне и домашната интернет страница Еко-плус, ќе се види дека делови од Скопје би можеле да бидат првопласирани на интернет страница за големи градови во светот. Како на пример, Маџир Маало. Таму воздухот, како што може да се прочита, е позагаден и од просекот на загаденоста во повеќемилионскиот Њу Делхи.

                                                                                          П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ