сабота, 4 јануари 2025

Магла и намалена видливост на патните правци Струмица- ГП Ново Село и Неготино-Демир Капија

На патните правци Струмица-граничен премин Ново Село и Неготино-Демир Капија утринава има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри, информира јавното претпријатие „Македонија пат“.

Објавено на

часот

Сподели

На останатите патни правци низ државата сообраќајот утринава се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Од Македонија пат информираат дека на одредени патни правци што поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ