сабота, 27 јули 2024

„Магичните“ се избламираа во Бостон

Објавено на

часот

Сподели

Со 19 поени беше најефикасен кај Бостон: Пол Пирс

„Магичните“ синоќа урнаа два негативни клупски рекорди и тоа по бројот на најмалку постигнати поени (56) и по бројот на најмалку погодени шутеви (16). Пол Пирс и Брендон Бас со по 19 поени беа најдобри кај „келтите“ додека Двајт Хауард со 18 поени и 14 скока беше единствената светла точка кај очајниот Орландо.

Кошаркарите на Далас маверикс дојдоа до седмата победа по ред совладувајќи го на домашен терен тимот на Феникс санс (93-87). Победата на „маверикс“ е уште позначајна ако се знае дека во составот на овој тим ги немаше повредените Дирк Новицки и Винс Картер. Одбраната на шампионот постави и клупски рекорд откако 15-ти пат по ред го спречи противникот да ја надмине границата од сто поени. Шон Мерион одигра брилијантно против поранешниот тим постигнувајќи 29 поени додека кај „сонцата“ со по 19 поени најефикасни беа Грент Хил и Марчин Гортат.

Тим Данкан беше јунак во победата на Сан Антонио спарс на гостувањето против Њу Орлеанс хорнетс (104-102). Ветеранот го постигна победничкиот кош на 1,4 секунди до крајот, а воедно со 28 поени беше најефикасен во својот тим.

Причина за радост синоќа имаа и кошаркарите на Мемфис гризлис, кои со триумфот на гостувањето против Голден стејт вориорс (91-90) дојдоа до седмата победа по ред во новата НБА-сезона. Гостите до успехот дојдоа со фантастичен прес откако во финишот од третиот период беа во негатива од дури 20 поени (43-63).

РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија-Вашингтон 103-83, Бостон-Орландо 87-56, Њу Орлеанс-С. Антонио 102-104, Чикаго-Њу Џерси 110-95, Милвоки-Атланта 92-97, Минесота-Хјустон 92-107, Оклахома-Детроит 99-79, Далас-Феникс 93-87, Портланд-Сакраменто 101-89, Г. Стејт-Мемфис 90-91.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ