петок, 18 октомври 2024

Маестрална асистенција на Вирц, Германија ја освои Зеница, Холандија се спасуваше од пoраз кај Унгарија (ВИДЕО)

Германија славеше на гостувањето кај Босна и Херцеговина со 1-2, Холандија во финишот се спасуваше од пораз против Унгарија и се избори за 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

„Панцерите“ ја освоија Зеница и останаа осамени на врвот во Група 3 во најсилната Лига А.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Вирц доби топка во фор и маестрално врати назад до Ундав, кој со рутинска завршница ја затресе мрежата за 0-1.

Пет минути подоцна, истиот играч по втор пат се запиша во листата на стрелци за предност на Германија од 0-2.

Босна и Херцеговина во продолжението од мечот успеа само да намали на 1-2, Џеко ја направи завршницата неизвесна, но домаќините немаа сили за реми.

На вториот натпревар од оваа група, Холандија се спасуваше од пораз на гостувањето кај Унгарија.

Салаи го отвори резултатот во 32. минута од натпреварот, додека пак Дамфрис погоди во 83. минута за 1-1.

Во натпреварите од Група 1 во Лига Б, Чешка со 2-0 ја совлада Албанија, а Украина со 1-0 славеше против Грузија.

Во Група 4 од Лига Б, Турција со 1-0 ја совлада Црна Гора за прво место на табелата, додека пак Исланд се врати од два гола негатива против Велс и се избори за 2-2.

Во Група 1 од Лига Ц, Словачка и Шведска одиграа 2-2, а претходно во денот, Естонија со 3-1 го совлада Азербејџан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ