„На средбата го претставивме посебниот извештај подготвен од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за пописот во Албанија каде документирано е евидентирано директното мешање на бугарските власти и екстремистичките групи од Бугарија за време на пописот, молчењето на албанските власти како и напорите на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија“, вели Стерјовски.
Исто така, Стрјовски и координаторот за меѓународна соработка во партијата, Генти Јанкула, разговарале и за состојбите и предизвиците со кои се соочува македонската заедница во Албанија посебно во делот на образованието на мајчин македонски јазик.
„Се заблагодаривме на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства за петтиот мониторинг извештај на Советот на Европа за Албанија за имплементацијата на Рамковната конвенција за заштита на малцинствата и вклучувањето во овој извештај на препораките на МАЕИ за подобрување на правата и состојбата на македонско и другите малцинства во Албанија’“, додава тој.
Посочува дека изразиле подготвеност за соработка со советодавниот комитет за следење на спроведувањето на препораките на Советот на Европа од албанските институции.