сабота, 27 јули 2024

Мадуро: Венецуела сака во БРИКС; Лула: Сонувам за заедничка валута

Објавено на

часот

Сподели

„Ако нè прашаат дали Венецуела сака да биде дел од БРИКС, велиме дека сакаме да бидеме скромен дел од БРИКС и да одиме во чекор со променливата геополитичка ситуација“, кажа Мадуро на заедничката прес конференција со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

Додаде дека БРИКС би можел да помогне во консолидацијата на јужноамериканските земји и дека таа организација „како магнет ги привлекува државите кои сакаат мир и соработка“.

„Повеќе од 30 земји веќе поднеле барање за членство во БРИКС“, истакна Мадуро.

Лула повтори дека сонува за заедничка валута на земјите членки на БРИКС за неговата земја да не мора да користи американски долари во надворешната трговија.

„Сонувам да имаме заедничка валута која нашите земји би ја користеле во трансакциите, за да бидеме независни од доларот. Невозможно е да немаме повеќе слобода за бизнис. Сонувам БРИКС да има сопствена валута, како еврото на Европската Унија“, кажа Лула на заедничката конференција.

Тој додаде дека една од клучните теми на годинешниот јужноамерикански самит, кој ќе се одржи на 30 мај во Бразилија ќе биде „изградбата на економски блок“.

Зборувајќи за независноста од американскиот долар, претседателот на Бразил како пример ја наведе актуелната ситуација во Венецуела, која тогаш би можела да го плаќа увозот со валути на други држави.

„Тоа е поради САД, тие го воведоа ембаргото. Можам само да кажам дека ембаргото е полош од војната – во војна гинат војници на бојното поле, но во случај на вакво ембарго, умираат деца, жени и стари луѓе кои немаат никаква врска со политичките спорови“, кажа Лула.

Венецуелскиот и бразилскиот лидер ги критикуваа американските санкции против Венецуела.

Лула американските санкции ги нарече „исклучително претерани“ и ги критикуваше САД за негирањето на легитимитетот на Мадуро, кого Вашингтон го смета за авторитарен лидер кој не дозволил слободни избори.

За Мадуро посетата на Бразил беше прилика да го повтори апелот за укинување на американските санкции, кажувајќи дека ќе ги повика другите нации во Јужна Америка да им се спротивстават како регионален блок.

Неколку јужноамерикански земји сега се предводени од левичарски лидери кои би можеле да ја поддржат таа позиција, вклучувајќи ги Аргентина, Боливија, Колумбија и Бразил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ