петок, 18 октомври 2024

МААЕ: Најдовме мини во близина на нуклеарната централа Запорожје

Објавено на

часот

Сподели

„Експертите на МААЕ забележаа противпешадиски мини на периферијата на локацијата на украинската нуклеарна централа Запорожје“, рече Гроси, додавајќи дека мините биле забележани во неделата.

„Тимот на МААЕ претходно беше свесен за поставување мини надвор и внатре во објектот. Ни беше кажано дека ова е воена одлука поврзана со област контролирана од војската. МААЕ забележа мини во тампон зоната помеѓу внатрешните и надворешните периметарски бариери на локацијата. Мините беа лоцирани во ограничена област до која не може да пристапи персоналот што управува со објектот“, рече Гроси.

Гроси рече дека поставувањето експлозив на локацијата на централата не е во согласност со безбедносните стандарди на МААЕ и упатствата за нуклеарна безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ