сабота, 27 јули 2024

Лути пиперчиња се јадеа во Кавадарци, во натпреварот и жена од Македонија, лани второпласирана

Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик” се одржа денеска во Кавадарци, а за најхрабрите беа обезбедени награди. Росоманката Весна Јаневска е единствената жена која учествуваше во натпреварувањето и лани и годинава. Таа минатата година го освои второто место и освои сом од десет килограми. 

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да ги охрабрам сите припаднички на понежниот пол да учествуваат во еден ваков предизвик и да си ја одмерат издржливоста со посилниот пол. Не е важно кој ќе победи, важно е дружењето и стекнувањето нови пријателства“, рече Јаневска. 

Меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки за првпат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ