Реал Мадрид е последниот патник во полуфиналето во најелитното европско натпреварување, избраниците на Анчелоти вечерва го преживеја гостувањето на Етихад и на пенали го елиминираа Манчестер Сити.
Родриго донесе водство од 0-1 во 12. минута, но „кралевите“ малку прикажаа во продолжението од мечот, а „граѓаните“ беа тие кои напаѓаа и пристискаа.
Домаќините конечно се израдуваа во 76. минута, кога Ридигер лошо расчисти една топка а Де Брајне силно биеше под пречката за 1-1.
Фудбалерот од Белгија можеше да го реши натпреварот во регуларен дел, но два пати биеше непрецизно, па се играа дополнителни 30 минути. А откако мрежите мируваа и во додатниот половина час, пеналите го решија патникот во полуфиналето.
Таму, Лунин беше херојот, ги одбрани обидите на Бернардо Силва и Ковачиќ, па Реал Мадрид го елиминираше актуелниот шампион.