Селекции од типот на Луксембург и Фарските острови кои во минатото беа лесен залак за нас, сега се рангирани пред нас во ждрепката од Лига Ц.
Луксембург е во првиот шешир, а Фарските острови се во вториот.
Македонија не може да игра против Словачка, Северна Ирска и Кипар бидејќи сме во ист шешир, а можеме да се паднеме со Косово или Бугарија од соседите. Најсилни селекции во Лига Ц се Шведска и Романија.
Групната фаза од Лигата на нации ќе се игра во септември, октомври и ноември следната година, средбите од плејофот за промоција односно испаѓање ќе се играат во март 2025, завршниот турнир е од 2 до 10 јуни.