недела, 20 октомври 2024

Лукашенко: Зеленски сака да ѝ го предаде западниот дел на Украина на Полска

Објавено на

часот

Сподели

„Украинците тоа нема да го дозволат. Но Зеленски се движи кон тоа. Донесена е одлука со која полските полицајци добија речиси ист статус како и украинските“, рече Лукашенко во разговор со украинската новинарка Дијана Панченко, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека го слушнал тоа, и дека Украина се подготвува за тоа.

„Понатаму, во Полска веќе се формирани воени единици за помош на Украина. Ако влезат, нема да можете да ги вратите бидејќи Американците стојат зад Полска“, рече Лукашенко.

Тој додаде дека доколку ѝ бидат предадени на Полска, западните делови на Украина ќе станат дел од НАТО.

„Тоа ќе биде полска територија. А да се биде дел од Полска значи да се биде дел од НАТО. Сè оди кон тоа. Тоа е неприфатливо за нас, но и за Русите“, рече белорускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ