„Не можам да ги наведам фактите, бидејќи тие се апсолутно затворени, но тие буквално велат ‘нека се борат Украинците и Русите до смрт, нека загинат сите’“, рече Лукашенко во интервју за ТВ каналот Расија-1.
„Ова го велат високи американски претставници. Дали е ова нормално? Тие сакаат ние меѓусебно да се уништуваме“, рече Лукашенко.
Тој уште еднаш повика на преговори за решавање на украинскиот конфликт, велејќи дека само Западот е заинтересиран за продолжување на војната.
„Ајде да седнеме на преговарачка маса и да ѝ ставиме крај на оваа војна, која не им треба ниту на украинскиот народ, ниту на Русите, ниту на Белорусите, туку само на Западот“, рече Лукашенко.