петок, 26 јули 2024

Лукашенко: Три земји планираат насилно да ја преземат власта во Белорусија, но ние сме подготвени

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до Белорусија, би сакал да забележам дека во Полска, Литванија и, за жал, во Украина се обучуваат членови на илегални вооружени формации. Тие се обидуваат да создадат екстремистички заспани ќелии директно во земјата. За тоа сведочат најновите факти“, истакна белорускиот лидер.

Според него, се подготвува сценарио за насилно преземање на власта. „Тие планираат да ја преземат власта насилно. Ние го гледаме тоа и нема да дозволиме тоа да се случи“, тврди Лукашенко. Инаку, полскиот генерал Валдемар Скржипчак минатиот месец изјави дека постои реална можност во Белорусија да дојде до вооружен бунт и соборување на режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тогаш одговори дека Русија е должна да ја осигури безбедноста на Белорусија. „Белорусија е наш партнер, сојузник и наша братска земја. Се разбира, Руската Федерација има обврска да ја осигури безбедноста на Белорусија, што ќе го направиме во услови на таква очигледна закана“, посочи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ