четврток, 19 септември 2024

Лукашенко: САД го туркаат Киев во конфликт со Минск, напад би значел почеток на трета светска војна

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека напад на неговата земја би бил почеток на трета светска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да ги предупредам нашите противници, нашите ривали и они кои тоа сè уште не го сфаќаат. Нема потреба да се прави тоа. Напад на Белорусија би значел почеток на трета светска војна“, истакна белорускиот лидер по повод Денот на народното единство.

Тој оцени и дека Соединетите Американски Држави го туркаат Киев кон ескалација на односите со Минск.

„Според податоците на нашите разузнавачки служби, во тек на затворениот дел на преговорите на нашите бегалци опозицијата која ја напуштила Белорусија во една од земјите, претставници на САД навеле дека Вашингтон очекува значителна ескалација на воената ситуација на фронтот во следниот период и од страна на Москва и од страна на Киев. Западните разузнавачки служби зборуваат за Белорусија како можно место на ескалација“, кажа белорускиот претседател.

Тој додаде дека на Американците им е потребно војната да продолжи до последниот Украинец, или уште подобро, до последниот Русин.

„Потребна им е ескалација, па зборуваат за Белорусија како можно место за ескалација на ситуацијата. Тука не станува збор за влегување на оружените сили на нашата земја во борбените дејства – тоа никогаш нема да го направиме, освен ако нечија чизма не стапне на наше тло – туку за одговор на Киев на летовите на руските дронови преку територијата на Белорусија, вклучувајќи напади на пограничната инфраструктура. Американците му наредиле на Киев, ако се појават услови, да ја нападнат инфраструктурата долж нашата јужна граница, затоа што руски дронови летаат покрај територијата на Белорусија“, кажа Лукашенко.

Тој изрази уверување дека западните елити наскоро ќе сфатат дека единствениот пат е да се преговара и истакна дека тоа е тоа што го сакаат народите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ