сабота, 27 јули 2024

Лукашенко предупредува на „екстремизам“, повикува на вооружени патроли на белоруските улици

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги повика безбедносните органи да организираат патроли со малокалибарско огнено оружје по улиците на градовите со цел да се гарантира безбедноста на луѓето од „екстремизам“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Луѓето треба да се чувствуваат безбедно дома, на улица и на работа во секое време од денот“, рече Лукашенко во видео пораката објавена доцна во вторникот од државниот медиум Пул Первово.

Иако, рече тој, криминалот во Белорусија е во опаѓање, постои ризик од „криминал од екстремистичка природа“ во земјата.

Тој рече дека денес најважниот аспект на одржувањето на законот и редот е да се спречи загубата на души кои не разбираат целосно зошто се цел на странски влијанија.

„Ги предупредувам Министерството за внатрешни работи, КГБ, специјалните служби, обвинителството, сите, мора да ја преземеме контролата. Нашите патроли мора да бидат на улиците, мора да бидат вооружени со малокалибарско оружје, барем со пиштоли“, рече Лукашенко.

Според него, минатата недела во „антитерористичка операција“ биле приведени „неколку саботери“ на границата на Украина и Белорусија.

Станува збор за украински и белоруски државјани и додаде дека досега се приведени неколку такви групи.

Во јануари, белоруските власти започнаа истрага против група од 20 независни аналитичари и коментатори, кои сега се надвор од земјата, обвинети за заговор за преземање на власта и промовирање на екстремизам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ