сабота, 27 јули 2024

Лукашенко: Полска сака да го заземе западниот дел на Украина, Киев ќе нè моли за помош

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата Лукашенко рече дека „Западот се обидува да ја распарчи Украина“ и ја обвини Полска дека се обидува да го заземе западниот дел од Украина.

Тој, исто така, посочи дека порано или подоцна Киев ќе мора да побара помош од Русија и Белорусија за да го спречи ова наводно полско посегнување по територија.

Белорускиот лидер не даде никакви докази за своите тврдења, наведе Ројтерс.

„Она што нè загрижува е дека тие се подготвени, Полјаците и НАТО, да излезат, да помогнат да се заземе западна Украина како што беше пред 1939 година“, рече Лукашенко.

Рускиот претседател Владимир Путин, од друга страна, најмногу зборуваше за напорите на Русија да ги принуди странските компании за руските извозни производи да плаќаат во рубљи. Тој рече дека тоа ќе ја зајакне руската национална валута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ