понеделник, 27 јануари 2025

Лукашенко „освои“ седми мандат

Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, освои седми мандат на избори на кои немаше вистинска конкуренција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државните медиуми објавија дека 70-годишниот Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, според излезните анкети освоил 87,6 отсто од гласовите.

Официјалното пребројување на гласовите сè уште е во тек. Сепак, традиционално, излезните анкети се речиси идентични со подоцнежното објавување на резултатите од изборната комисија.

Со оглед на тоа што опозициските политичари се или во егзил или се затворени, а четворицата алтернативни кандидати се сметаат за статисти одобрени од државата на наместените избори, се очекуваше Лукашенко да освои уште еден петгодишен претседателски мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ