вторник, 22 октомври 2024

Лукашенко: На Европа ѝ е потребен нов договор за да живее во мир, таму веќе нема силни лидери

На Европа ѝ е потребен нов договор за да живее во мир, кажа белорускиот претседател Александар Лукашенко на состанокот со апостолскиот нунциј Анте Јозиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Лесно ми е да разговарам со вас како претставник на верска конфесија, една од главните во Белорусија, бидејќи нашите ставови, на раководството на Белорусија и на Ватикан, практично се поклопуваат, особено во поглед на безбедноста. Безбедноста во Европа“, кажа Лукашенко.

Апсолутното поклопување на ставовите го докажува, оцени белорускиот лидер, и конфликтот во Украина, каде позицијата на Минск и на Ватикан е идентична.

„Апсолутно се сложувам со вас и тоа веќе долго го зборуваме: за Европа да живее мирно и да живее добро, потребен ни е нов мировен договор, потребен е нов свет, ако е можно тоа така да го кажам, во Европа“, кажа Лукашенко.

Сепак, тој истакна дека смета дека Римокатоличката црква не се труди доволно за тоа да се постигне.

„Потребно е и европските земји да имаат силни лидери кои би тргнувале од тоа дека мора да ги гледаат интересите на своите народи. Не само да се потчинуваат и да им служат на туѓи интереси. Мораме да ги видиме интересите на нашите народи. За жал, можат дури и да се навредат, но јас такви лидери не гледам“, оцени Лукашенко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ