петок, 26 јули 2024

Лукашенко: Ќе се кандидирам на изборите во 2025 година

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, најави дека ќе се кандидира за функцијата на следните претседателски избори во 2025 година.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

По гласањето на парламентарните и локалните избори, Лукашенко им порача на новинарите да ѝ пренесат на опозицијата дека ќе се кандидира, додавајќи дека противниците на владата нема да можат да спроведат ниту една од опциите за нејзино соборување, пренесува Спутник.

„Ниту една од нивните опции, дури и најрадикалните, нема да помине во Белорусија. Завршува гласањето, дали сте виделе конфликти, обиди за конфликти, немири, како порано? Не видовте? И нема да видите. Знаеме да учиме од нашите претходни грешки. Затоа, немаат на што да се надеваат“, изјави Лукашенко.

Тој додаде дека никаде во светот нема такви отворени и фер избори како во Белорусија и истакна дека мнозинството Белоруси имаат доверба во властите.

Лукашенко е на чело на Белорусија од 1994 година.

Во Белорусија се одржуваат локални и избори за пратеници на Долниот дом на парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ