четврток, 26 декември 2024

Лукашенко: Камала Харис е хероина. Ја гледав денес, вознемирена е затоа што изгуби

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во разговор со новинарите ги изрази своите впечатоци од претседателските избори во САД, пренесува белоруската државна новинска агенција БелТА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Секако, Трамп е моќна фигура. Што и да чувствувате за него, тој е важна личност. Тешко беше да се поверува дека може да победи. Пукаа на него. Беше под притисок. Сакаа да го затворат него и останатите, но тој јуреше како булдожер и тоа по навидум неуспешен мандат. Навидум неуспешен“, рече Лукашенко.

„Камала…Камала е хероина и не треба да плаче. Ја гледав денес. Вознемирена е затоа што изгуби. Америка беше зрела да избере црн претседател, но Америка сè уште не е зрела да избере жена. Америка не е подготвена за тоа. Таа направи сè што е можно и невозможно. Одлично се снајде. Затоа во никој случај не треба да плаче“, додаде тој.

Тој посочи дека по поразот демократите не ги поканиле своите поддржувачи на протести, ниту ги вооружиле да ја нападнат власта. Според Лукашенко, ова е лекција што белоруската опозиција треба да ја научи. „Ако изгубите, бидете подготвени да продолжите да работите. Тоа е добар пример на Демократската партија за целиот свет“, рече тој.

Тој тврди дека не му било важно кој ќе победи на изборите во САД. „Знам дека имам парче земја што треба да го заштитам и бранам. Имам свој народ. Едноставно го кажувам своето мислење. Не ми е важно кој ќе победи на изборите, туку какава политика ќе води Америка затоа што претставува третина од светската економија, а економијата е клучна работа“, забележа тој.

Тој е убеден дека Доналд Трамп и Камала Харис не би добиле ниту еден глас на претседателски избори во Белорусија поради лудата политика што ја водат во САД.

„Тоа е чисто американска варијанта. Функционираше. Тоа е нивна работа“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ