четврток, 6 март 2025

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Минск е спремен да биде домаќин на лидерите на САД, Украина и Русија на разговори за ставање крај на руската војна против Украина, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лукашенко го изјави ова веднаш откако САД привремено ја замрзнаа воената помош за Украина.

Во интервјуто со американскиот интернет-коментатор Марио Навфал, кое беше емитувано на белоруската државна телевизија, Лукашенко рече дека е подготвен да му помогне на американскиот претседател Доналд Трамп да ја постигне својата цел да посредува во мирот меѓу Киев и Москва.

„Ако сакате, дојдете тука“, му рече Лукашенко на Навфал во Минск. „Од белоруската граница до Киев има само 200 километри. Половина час лет со авион. Добредојдени сте. Ќе седнеме тука, ќе се договориме мирно, без врева, без галама. Кажете му на Трамп: Го чекам овде, заедно со Путин и Зеленски. Ќе седнеме и смирено ќе преговараме. Ако сакате да постигнете договор.“

И покрај поканата, Лукашенко истакна дека не сака да биде посредник меѓу другите земји.

„Она што најмногу го мразам е посредувањето. Тоа значи да се биде меѓу некого и да се преправаш дека можеш да направиш нешто“, рече тој.

Белорусија претходно беше домаќин на разговори меѓу Украина, Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2014 и 2015 година, што резултираше со Минските договори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ