сабота, 27 јули 2024

Лукашенко ги обвини САД за смртта на иранскиот претседател

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги обвини Соединетите Американски Држави дека се одговорни за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси поради нивната политика на санкции со која им се забрануваше на компаниите да го сервисираат неговиот хеликоптер.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Како човек, а не како претседател, би сакал да кажам дека гнасната, одбивна позиција на Соединетите Американски Држави доведе до ова. Пред се мислам на санкциите. Овие никаквеци немаа право да воведуваат санкции за бродови, авиони и хеликоптери што превезуваат луѓе“, изјави тој на прес-конференција, пренесува ТАСС.

Во Иран е прогласена петдневна жалост поради смртта на Раиси, претседателот беше погребан во четвртокот во неговиот роден град Машад.

Претседателот Раиси, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други функционери загинаа кога хеликоптерот се урна на 19-ти мај во северозападниот дел на Иран.

Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот, пренесува Ирна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ