сабота, 27 јули 2024

Лукашенко до белоруските спортисти пред Олимписките игри: Згазете ги противниците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко им кажа не белоруските спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги згазат своите противници“. „Ако сте избрале да одите таму под неутрален статус, згазете ги, покажете дека сте вистински Белоруси“, порача Лукашенко во соопштение за јавноста.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на белорускиот регион Могилев, жителите го прашале Лукашенко што мисли за учествувањето под неутрален статус, се наведува во соопштението објавено на сајтот на претседателскиот кабинет.

„Спортистот ќе избере. Ако одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Бидејќи сфаќате дека состојбата на духот и гневот не се безначајни во спортот“, кажа Лукашенко. „Вие сте Белорусин и кога ќе победите, тоа е добар начин политички да ги удриме во лице“.

Белорусија е исклучена како држава од Олимписките игри поради поддршката на Русија во конфликтот во Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ