среда, 11 декември 2024

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е сосема оправдана, пренесува руската државна агенција Тасс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Воената моќ повторно стана главен аргумент на глобалните центри за одлучување. Како никогаш да немало милиони загуби на човечки животи и ужаси за време на Првата и Втората светска војна! Загриженоста за можна Трета светска војна е легитимна, има причини за тоа“, изјави Лукашенко на состанокот со највисоките претставници на националната безбедност, пренесува белоруската новинската агенција БелТА.

Лукашенко изјави дека десетици илјади војници на НАТО и стотици единици воена опрема, авиони и хеликоптери се распоредени во близина на границите на Русија и Белорусија.

„Во непосредна близина на Белорусија и Русија, како дел од операциите на Алијансата кои се спроведуваат во Европа, стационирани се околу 32.000 војници од комбинираните контингенти на вооружените сили на НАТО и САД. Станува збор за повеќе од 1.000 оклопни единици, околу 160 артилериски системи и минофрлачи, 235 авиони и хеликоптери“, рече Лукашенко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ