петок, 18 октомври 2024

Лука Станковски има нов клуб, се сели во Раднички од Крагуевац

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Лука Станковски прави нов трансфер и до крајот на сезоната ќе биде член на Раднички 1923 од Крагуевац.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Станковски важеше за еден од најголемите таленти во школата на Работнички, беше мета на клубови како Монца, Динамо Загреб и Фенербахче, за на крајот да заврши во Газијантеп.

Авантурата во Турција се покажа како промашување, не помогна и катастрофалниот земјотрес на почетокот од минатата година кој придонесе Газијантеп се пресели во втора лига.

Последните шест месеци од минатата сезона, Лука Станковски ги помина на позајмица во Тузласпор, а откако стана јасно дека и сега ќе нема посериозна минутажа, се одлучи за авантура во Србија и позајмица во Раднички 1923 од Крагуевац.

„Раднички пројави интерес па прифатив да дојдам тука, знам дека ако одиграм добро, ќе можам да направам добар трансфер. А тоа и ми е целта, да играм во Топ 5 првенствата“ – вели Лука Станковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ