сабота, 27 јули 2024
Серија А

Лука Јовиќ со гол во 90. минута го спаси Милан од срамен пораз (ВИДЕО)

Малку фалеше Милан да загуби на гостувањето кај последнопласираната Салернитана, но росонерите се спасија во самиот финиш со гол на Лука Јовиќ.
 

Објавено на

часот

Сподели

Легендарниот Пипо Инзаги му откина два бода на „својот“ Милан, а малку фалеше да бидат и сите три.

Милан одлично тргна во мечот, поведе со гол на Томори во 17. минута. Пред крајот на првиот дел Фацио изедначи на 1-1.

Во 63. минута Кандрева постигна гол за комплетен пресврт и водство на Салернитана од 2-1.

Домаќините водеа до 90. минута, беа многу блиску до победа, но тогаш Јовиќ погоди и го спаси Милан од пораз. Конечниот резултат беше 2-2.

Фиорентина со 1-0 славеше на гостувањето кај Монца. Гостински победи обезбедија и Лацио со 2-0 кај Емполи и Џенова кај Сасуоло со 2-1.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ