сабота, 27 јули 2024

Луис Суарез со големи емоции се збогуваше од навивачите на Гремио (ВИДЕО)

Иако во бразилскиот клуб беше неполна година, Луис Суарез се приврза кон навивачите, Уругваецот остави голем впечаток во Гремио каде настапуваше во голема форма.
 

Објавено на

часот

Сподели

Неговиот договор со нив е до крајот на 2024 година, но предвреме ќе ја прекине соработката и ќе се пресели во Интер Мајами кај неговиот пријател, Лео Меси.

Синоќа го одигра последниот меч пред навивачите на Гремио кој го совлада Васко да Гама со 1-0, Луис Суарез го постигне единствениот гол.

По натпреварот Суарез беше испратен од навивачите на величествен начин, долго време од трибините се скандираше неговото име, а клубот му подготви и специјално видео кое можеа да го погледнат сите присутни на стадионот.

„Испиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да си, ќе останеш бесмртен за нас“, објави Гремио.

Луис Суарез за Гремио дебитирше на 4. јануари. Тој настапи на 53 натпревари и постигна 27 голови. Оваа сезона во бразилското првенство со 15 погодоци е на четвртото место на листата на стрелци, тој има и 11 асистенции.

Последниот меч на Суарез за Гремио е во среда навечер на гостински терен кај Флуминенсе.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ