сабота, 27 јули 2024
Тренерот на ПСЖ со провокација

Луис Енрике: Подобро од Чави го претставувам стилот и филозофијата на Барса!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике испрати провокација до својот колега Чави, и порача дека подобро го претставува стилот и филозофијата на Барселона.

Објавено на

часот

Сподели

По трансферот на Нејмар во Париз, нема љубов помеѓу ПСЖ и Барселона, а тензијата нема да се намали и на новата пресметката во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Атмосферата ја подгреа токму Луис Енрике, кој има минато со „каталонците“ и како играч и како тренер.

Запрашан кој подобро го претставува стилот и филозофијата на Барселона, Луис Енрике не се двоумеше мноту.

„Немам сомнеж, јас. Ова не е мислење, погледнете што кажуваат бројките, видите каков е поседот на топката, шансите кои се креираат, високиот пресинг, титулите… Некои можеби мислат поинаку, но немам сомнеж, јас подобро го претставувам стилот и фолозофијата на Барселона“ – вели актуелниот предводник на ПСЖ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ