сабота, 27 јули 2024
Нема помош за поранешниот клуб

Луис Енрике блокира трансфер на двајца играчи во Барселона

Објавено на

часот

Сподели

Гави заработи тешка повреда на коленото на натпреварот помеѓу Шпанија и Грузија, и сезоната за него е завршена. Па Барселона крои планови како да го надополни отсуството на младиот фудбалер, на листата со желби има неколку имиња.

Се говори дека Џовани Ло Селсо од Тотнем е при врвот на списокот, заедно со Карлос Солер и Фабиан Руиз од ПСЖ.

Барселона се надева дека ќе може во јануари да ангажира барем еден од двајцата Шпанци на позајмица со опција за перманентен трансфер.

Но очигледно замената за Гави ќе треба да ја побараат на друго место, Луис Енрике нема намера да му излезе во пресрет на својот поранешен клуб и го блокира заминувањето на Карлос Солер и Фабиан Руиз.

Тренерот на ПСЖ ги цени високо своите сонародници, сака да има што е можно поголем состав и поквалитетна ротација за да може да атакува на сите титули па верува дека тие можат да одиграат важна улога во продолжението од сезоната, и покрај тоа што во моментов не се стартери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ