сабота, 27 јули 2024

Луѓето масовно го бојкотираат Мекдоналдс поради војната во Газа

Мекдоналдс извести дека во последното тримесечје забележал прв пад на продажбата во четири години. Причина за тоа е слабиот промет во бизнис регионот кој ги вклучува Блискиот Исток, Кина и Индија. Синџирот за брза храна е еден од неколкуте западни брендови што се погодени од протести и кампањи на бојкот поради нивниот произраелски став во конфликтот на Израел во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Споредбената продажба во сегментот Мекдоналдс интернешнал девелопментал лајсенсд маркетс пораснала за само 0,7 отсто во тоа тромесечје, поприлично заостанувајќи зад проценките на раст од 5,5 отсто. Тој дел сочинувал десет отсто од вкупниот приход на Мекдоналдс во 2023 година.

Главниот извршен директор Крис Кемпчински минатиот месец оцени дека случувањата на Блискиот Исток имаат „значително деловно влијание“ врз Мекдоналдс во тој регион и некои други области на светот поради војната, како и „поврзаните дезинформации“ за брендот.

„Ефектите на војната врз трајноста на заработката се нашата најголема грижа. Се чини дека ова ќе биде проблем кој ќе трае и по следното тромесечје или можеби две“, кажа Брајан Малбери, шеф на портфолио на клиенти во Закс инвестмент менаџмент, кој има акции на Мекдоналдс.

Старбакс минатата недела исто така ја намали својата годишна прогноза за продажбата, делумно поради падот на продажбата и прометот во дуќаните на Блискиот Исток. Во меѓувреме, потрошувачката во Кина, вториот најголем пазар на Мекдоналдс, исто така останува слаба и покрај мерките на државна поддршка.

Старбакс претходно кажа дека опоравувањето на продажбата во Кина е побавно од очекувањата. Мекдоналдс исто ќе доживее слични трендови во Кина во тоа тромесечје, додаде Малбери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ