Луди сцени и многу драма на натпреварот помеѓу Гленторан и Гзира во првото коло од квалификациите во Конференциска лига.
Домаќините се изборија за продолженија со гол во 103. минута, а патникот во следната рунда беше познат по пенал серија во која се шутираше дури 28 пати од белата точка.
Имаше и момент по кој коментаторите збудалеа, во 12-та серија, гостинскиот голман одбрани и тргна да се радува, но топката доби ротација и заврши зад линијата на огромна радаст на тимот од Северна Ирска.
Сепак, Гзира обезбеди прогрес во второто коло откако голманот Касар во 14-та серија го спречи Бојд и се спаси од срам.
Glentoran lose 14-13 on penalties in Europe tonight- but given this mad lifeline. Love the club commentary too ?? pic.twitter.com/5qxUZ8MYX8
— Thomas Niblock (@thomasniblock) July 20, 2023