сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Лудо второ полувреме на Енфилд, Салах испиша историја (ВИДЕО)

Ливерпул се одлепи на +3 на врвот на табелата откако вечерва го совлада Њукасл со 4-2, Мохамед Салах испиша историја и стигна до погодокот број 150 во Премиерлигата во дресот на „црвените“.

Објавено на

часот

Сподели

Во претпоследниот натпревар од 20. коло во Премиерлигата, Ливерпул пред своите навивачи славеше против Њукасл со 4-2.

Чудо беше како на полувреме резулататот гласеше 0-0, беа поништени два гола, Салах не искористи пенал, Нуњез промаши зицер, а Арнолд ја затресе пречката речиси од мртов агол.

Но затоа во продолжението паднаа дури шест погодоци, Салах донесе водство од 1-0, за Исак да изедначи на 1-1.

Потоа следеа два нови гола на домаќините, Џонс реализираше за 2-1, а Гакпо погоди за 3-1.

Ботман ја врати неизвесноста и намали на 3-2 во 81. минута, но Салах со гол од белата точка во 86. минута ги реши сите дилеми и ги постави конечните 4-2.

Египјанецот испиша историја на овој меч откако стигна до погодокот број 150 во Премиерлигата за Ливерпул. Тој стана само петиот играч со ваква бројка во дресот на еден клуб, и влезе во одбрано друштво, во кое уште се Кејн, Агуеро, Руни и Анри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ