петок, 18 октомври 2024
Навивачите останаа зачудени

Луди сцени во Катар: Дракслер влезе, даде два гола, па кога виде дека не може да победи, си излезе! (ВИДЕО)

Јулијан Дракслер ги зачуди љубителите на фудбалот со својот потег на натпреварот помеѓу Ал Ахли и Катар СК, Германецот влезе во игра во второто полувреме, даде два гола за пет минути, па кога виде дека не може да победи, си излезе и се упати право во соблекувална.

Објавено на

часот

Сподели

Јулијан Дракслер изминатово лето беше еден од фудбалерите кои решија да ја напуштат Европа и да се преселат на Блискиот Исток и не криеше дека парите му биле еден од мотивите за преселба во Катар.

Германецот сега е во фокусот на фудбалската јавност откако приреди луди сцени.

На натпреварот помеѓ Ал Ахли и Катар СК, Јулијан Дракслер влезе во игра во второто полувреме, за пет минути даде два гола и го врати во игра својот тим, кој претходно имаше негатива од 0-3.

Но гостите во финишот од мечот погодија за 2-4 и предвреме го решија победникот.

Па Јулијан Дракслер не го дочека последниот свиреж, при една акција, ја врати топката назад и си излезе, се упати право во соблекувална.

Неговиот потег ги збуни навивачите, кои на социјалните мрежи се со поделени мислења. Една теорија вели дека Германецот бил фрустриран од случувањата на теренот, па затоа излегол, други пак сметаат дека тој има повреда, па со оглед на тоа дека неговиот тим направил 5 замени, се упатил право во соблекувална.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ