понеделник, 24 јуни 2024
Серија А

Луд натпревар во Болоња со шест погодока, Јувентус за 8 минути се врати од три гола негатива (ВИДЕО)

Болоња и Јувентус ги поделија бодовите во последниот натпревар од 37. коло во Серија А, „старата дама“ постигна три гола во период од 8 минути и се избори за 3-3.

Објавено на

часот

Сподели

Луд натпревар на „Ренато Дал’Ара“, Болоња водеше со 3-0 против Јувентус, но „старта дама“ не се преде и се избори за бод.

Домаќините поведоа по 90 секунди игра, Калафиори се најде на право место по една мешаница и погоди за 1-0.

Во 11. минута веќе беше 2-0, Кастро со глава ја затресе мрежата за 2-0.

На стартот од вториот дел, на Калафиори повторно му се укажа шанса за гол и дефанзивецот го матиарше Шчесни по втор пат за 3-0.

И кога се чинеше дека на Јувентус ќе му се случи катастрофа, Киеза искористи една грешка на одбраната и намаи на 3-1 во 76. минута од мечот.

Милик потоа погоди од слободен удар за 3-2 во 83. минута и најави неизвесна завршница.

Едвај поминаа 60 секунди, Јилдиз освои една топка и прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 3-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ