Вчерашниот меч меѓу Марсеј и Лион не се одигра поради големиот инцидент кој се случи кога на стадионот пристигнуваа гостинските фудбалери со автобус.
Навивачи на Марсеј го каменуваа автобусот на Лион, ги искршија стаклата, а најдебелиот крај го извлече тренерот Фабио Гросо кој се здоби со расекотини на главата.
„Тоа што му се случи на нашиот тренер и на нас ја надмина секоја граница. Ги почитувам вистинските навивачи, но овие не се такви. Овие дојдоа со јасна намера да ни нанесат сериозни повреди и тоа го направија“, рече Дејан Ловрен.
„Ова нема никаква врска со фудбалот. Ако законот не се промени, еден ден ќе биде предоцна. Владата мора нешто да преземе“.