недела, 15 декември 2024

Ловџии од Ресен ќе одговараат кривично, полицијата им најде оружје кое не било соодветно чувано

Вчера рано утрото во близина на село Наколец, ресенско, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Маркова нога извршиле контрола на патничко возило опел фронтера со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Е., а сопатници биле Д.Г., Д.К.и Д.Ј. Притоа, кај Д.Г. и Д.К. биле пронајдени ловечки пушки со дозволи, кои не биле во соодветни футроли и против двајцата се поднесени прекршочни платни налози по Законот за оружје.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така, во возилото била пронајдена и една ловечка пушка без документ. Со лицата бил извршен службен разговор, по што во консултација со јавен обвинител, поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, од слобода бил лишен Ј.Д. и бил предаден на ОВР Ресен за понатамошна постапка“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ